Oview

Најчесто поставувани прашања

  1. Што е овулација?
  2. Што е циклус?
  3. Што е "врв на Лутеинизирачкиот хормон"?
  4. Може ли тестот за овулација Оview® да отчита грешен резултат?
  5. Ги испочитував сите 5 чекори, но тестот не отчита позитивен резултат. Што да направам?
  6. Веќе неколку месеци се обидувам да забременам, но не успевам. Што да направам?
  7. Кога да го започнам тестирањето ако не знам колкаво е времетраењето на мојот циклус?
  8. Во кое време од денот треба да се тестирам со Oview®?
  9. Колку е прецизен тестот Oview®?
  10. Откако Oview® ќе го отчита периодот на овулација, дали можам да го користам за да се заштитам од забременување?
  11. Што да правам ако не се појави ниту една цртичка на лентичката?

1. Што е овулација?
Овулација е процесот на пукање на зрелата фоликула од која се ослободува јајце-клетка. На овулација е краток период на време (до 12 часа) за време на која можат да се оплодат јајце клетката .Важно е да се напомене дека не при секој циклус настапува овулација. Просечно на секои 13 циклуси, има 1 циклус во текот на кој нема овулација - тоа е т.н. ановулаторен циклус.
горе

2. Што е циклус?
Врв на Лутеинизирачкиот хормонЦиклус е периодот од првиот ден на менструалното крварење до денот пред започнувањето на следниот. Најчесто циклусот трае 28 дена.
горе

3. Што е "врв на Лутеинизирачкиот хормон"?
"Врв на Лутеинизирачкиот хормон" се нарекува моментот во кој организмот произведува најголеми количини од овој хормон. Откривајќи го Лутеинизирачкиот хормон, Оview® регистрира позитивен резултат, што е знак дека 24 до 48 часа подоцна ќе настапи овулација.
горе

4. Може ли тестот за овулација Оview® да отчита грешен резултат?
Грешен резултат може да се добие:
при земање на лекови кои содржат Лутеинизирачки хормон (ЛХ) или хормон човечки хорионгонадотрин (ЧХГ);
при земање на лекови кои го забавуваат циклусот, треба да се има предвид дека се поместува датумот за започнување на тестот; во случаи кога до неодамна сте била бремена, моментално сте бремена или сте во менопауза.
горе

5. Ги испочитував сите 5 чекори, но тестот не отчита позитивен резултат. Што да направам?
Не сите жени имаат овулација во средината на својот циклус. Направете тест со ново пакување бидејќи најверојатно вашата овулација сè уште не настапила.
горе

6. Веќе неколку месеци се обидувам да забременам, но не успевам. Што да направам?
Нормално е во текот на неколку месеци да не успеете да забремените а причините за тоа можат да бидат многубројни. Консултирајте се со вашиот лекар.
За да ги зголемите шансите за зачнување, правете обиди за забременување еден ден пред овулацијата, во текот на овулацијата и еден ден по овулацијата.
горе

7. Кога да го започнам тестирањето ако не знам колкаво е времетраењето на мојот циклус?
Ако не знаете колкаво е времетраењето на вашиот циклус, можете да го започнете тестирањето 11 дена по почетокот на крварењето.
За да нема ризик од пропуштање на овулацијата, можете да го измерите времетраењето на вашиот следен циклус и да ги внесете податоците тука .
горе

8. Во кое време од денот треба да се тестирам со Oview®?
За посигурен резултат можете да се тестирате меѓу 10.00 ч. и 20.00 ч., при што секој ден ќе се тестирате приближно во исто време. Пожелно е да не сте уринирале најмалку 4 часа пред тестирањето.
горе

9. Колку е прецизен тестот Oview®?
Oview® е со прецизност на резултатот 99% според спроведените лабораториски истражувања.
горе

10. Откако Oview® ќе го отчита периодот на овулација, дали можам да го користам за да се заштитам од забременување?
Не, бидејќи спермата има живот до 72 часа и може да забремените ако сте имала полов однос пред Oview® да го регистрирал Врвот на Лутеинизирачкиот хормон.
горе

11. Што да правам ако не се појави ниту една цртичка на лентичката?
Ако по 5 минути не се појави ниту една цртичка на лентичката, резултатот е неважечки и треба да го повторите тестот со нова лентичка.
горе