Oview

10 Oview совети за зачнување

Ако имате планови за забременување, Oview има 10 совети за вас:

1. За да ги зголемите вашите шанси за забременување, прво треба да знаете кога сте во овулација. За тоа ќе ви помогне тестот за овулација Oview. Истиот можете да го пронајдете во мрежата од аптеки низ целата држава.

2. Прекинете ги сите средства против забременување (контрацепции, презервативи, дијафрагми).

3. Закажете си час за преглед кај вашиот лекар/гинеколог. Тој може да ви даде важни информации за вашето здравје и вашето здравствено минато до самиот момент (на пример дали сте примила одредени вакцини).

4. Имајте полов однос еден ден претходно, во текот на, и еден по вашата овулација. Така ќе ги зголемите шансите за забременување.

5. За да ги зголемите шансите за зачнување, пожелно е по ејакулацијата, жената да остане во лежечка положба околу 15-30 мин., на грб и со нозете свиткани кон стомакот.

6. Започнете да се храните здраво. За да се оформи здрав плод, вашиот организам има потреба од јаглехидрати, масти и протеини. Тоа значи дека треба да се храните разновидно и во своето мени да вклучите ориз, компири, шпагети, тестенини и житарки; овошје и зеленчук; месо, риба и јајца; млеко и млечни производи;

7. Започнете да земате витамини и минерали за бремени жени. Задолжително започнете да земате фолна киселина – таа го намалува ризикот од малформации на плодот, како што се оштетувања на главниот и 'рбетниот мозок, до 70%.
Идните татковци исто така треба да почнат со земање на некои витамини и минерали - цинк (околу 15 мг. дневно), витамин C, селен (земајте на пример додатоци во исхраната како Селеногин), калциум и витамин D. Овие витамини и минерали може да се обезбедуваат како од мултивитамински препарати, така и од следните видови храна: пилешко и говедско месо, сок од портокал, бразилски ореви, млеко и лосос.

8. Прекинете со вашите штетни навики доколку имате такви. Прекинете со пушење, алкохол, дроги, бидејќи истите можат да го оштетат плодот. Консултирајте се со вашиот лекар и доколку земате силни лекови. Исто така пожелно е да го ограничите и кафето. Истото се однесува и за идните татковци - оштетената сперма може да е причина за недоразвивање на плодот.

9. Запишете се привремено на некој спорт кој ви предоставува задоволство. Во некои случаи, бременоста може да биде доста тешко искушение и добро е да сте физички подготвена за тоа. Исто така, имајте предвид дека потпросечната и прекумерната тежина можат да бидат причина за намaлена фертилност.

10. Подгответе се психички. Имајте на ум дека стресот и емоционалната напнатост можат да доведат до намалена фертилност. Не грижете се ако не забремените веднаш. Во некои случаи, забременувањето трае подолго.