Oview

Што да сторите пред тестирање?

Пред да започнете:

  1. За посигурен резултат, направете го тестот меѓу 10.00 и 20.00ч., при што ќе го намалите внесот на течности 2 часа пред тестирањето.
  2. Во зависност од времетраењето на вашиот менструален циклус, одредете кој ден треба да го започнете тестирањето, користејќи ја табелата:
Времетраење на циклусот Старт на тестот (од започнувањето на крварењето)
21 ден Ден 6
22 дена Ден 6
23 дена Ден 7
24 дена Ден 7
25 дена Ден 8
26 дена Ден 9
27 дена Ден 10
28 дена Ден 11
29 дена Ден 12
30 дена Ден 13
31 ден Ден 14
32 дена Ден 15
33 дена Ден 16
34 дена Ден 17
35 дена Ден 18
36 дена Ден 19
37 дена Ден 20
38 дена Ден 21
Непознат циклус Ден 11

Забелешка: Доколку вашиот циклус е пократок од 21 ден или подолг од 38 дена, ве молиме консултирајте се со вашиот лекар. Доколку не знаете колкаво е времетраењето на вашиот циклус, можете да го започнете тестирањето на 11-тиот ден по започнувањето на крварењето, бидејќи времетраењето на циклусот е просечно 28 дена. Доколку имате нередовен циклус, изберете го најкраткиот циклус во текот на последните 6 месеци.

Калкулатор за најсоодветно време за тестирање

Ве молиме пополнете го датумот на почетокот на вашиот последен менструален циклус и времетраењето на вашиот циклус:

Почеток на менструалниот период:
Датум:     Месец:     Година:  
Времетраење на циклусот:
Денови:          
Препорачан период за започнување на тестирањето: